На 12.02.2025, Заменикот Главен Ревизор, д-р Иван Игњатов придружуван од г-ѓа Ружица Бошнакоска, Помошник на Главниот Ревизор и г-ѓа Светлана Тодоровска, Самостоен ревизор, остварија исклучително корисна посета на Националната Ревизорска Канцеларија (НАО) на Малта! 

За време на посетата со г-дин Чарлс Дегуара, Главниот ревизор на НАО во Малта, г-дин Ноел Камилери, Заменик Главен Ревизор, г-ѓа Тања Мерциеца, Помошник Главен Ревизор и Раководител на Секторот за Финансиска Ревизија, г-ѓа Ребека Васало, Офицер за врски и г-дин Џонатан Васало, Постојан Секретар во Канцеларијата на Премиерот на Малта, се оствари многу корисен состанок и размена на искуства за ревизијата на ЕУ фондовите и ги запознаа колегите подетално со мандатот, задачите и одговорностите на Ревизорското тело за ревизија на ИПА во Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на идната соработка. 

Голема благодарност до г-дин Дегуара и неговиот тим за исклучителната гостопримливост за време на посетата.