Денес во просториите на Ревизорското тело во рамки на SUPRAE проектот, беше одржана работна средба на која присуствуваа ГР ИПА  г.Адем Цури и неговите соработници како и експерти ангажирани во рамки на проектот. Темата на средбата беше започнување на подготовките за спремање на ревизрски софтвер, за ревизија на ИПА фондови кој е едeн од главните приоритети и на ИПА III програмирањето. Овој ревизорски софтвер е од големо значење за Ревизорското тело кое ќе овозможи побрзо и поефикасно спроведување на ревизиите и доставување на Извештаите до Европска Комисија. Главниот ревизор за ИПА Цури воедно изрази голема благодарност до DEU во Скопје и на Европската Комисија кои овозможија финансиска помош за дигитализација и подобрување на условите за работа на ревизорите во Ревизорското тело.