На 13.02.2025, д-р Иван Игњатов, в.д. Заменик Главен Ревизор за ИПА, придружуван од м-р Ружица Бошнакоска, Помошник на Главниот Ревизор и г-ѓа Светлана Тодоровска, Самостоен ревизор остварија работна средба со г-дин Кевин Агиус, Генерален Директор на Директоратот за истраги за внатрешна ревизија (ИАИД) при Канцеларијата на Премиерот на Малта.

За време на посетата посебен акцент се стави на ревизорскиот пристап и методологијата за ревизија на фондовите на ЕУ, пристапот за спроведување на истраги и зајакнувањето на нашата идна институционална соработка преку размена на експерти за ревизија од двете ревизорски институции.

Голема благодарност до г-дин Кевин Агиус, Генерален директор на IAID и неговиот тим за исклучителното гостопримство и отвореноста за зајакнување на идната меѓуинституционална соработка.