Во рамките на еднонеделната ревизорска мисија (03.03.-07.03.2025) на претставниците на Европската комисија во Брисел – Генерален директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST), на 06.03.2025 година, се одржа работен состанок со DG ENEST и Ревизорското тело за ревизија на ИПА.

На работната средба во присуство на Главниот ревизор за ИПА г-дин Милаим Абдураими и Заменик Главниот Ревизор за ИПА г-дин Иван Игњатов, како и советниците и помошниците на Главниот ревизор за ИПА, посебен фокус беше ставен на предизвиците на ИПА III и важната улога на независното Ревизорско тело во ИПА системот.

DG ENEST изрази благодарност за професионалната соработка помеѓу Ревизорското тело и Европската комисија.

На состанокот се дискутираа понатамошни приоритети и цели за зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело и особено значењето за DG ENEST на работата и резултатите на Ревизорското тело поврзано со зголемената ефикасност, ефективност и правилното искористување на поддршката од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).