Во периодот од 27-31 март 2023, претставници од Генералниот Директорат за добрососедство и проширување на Европската Комисија од Брисел беа на мисија на ИПА структурата и органите во Република Северна Македонија. Оваа мисија имаше за цел да ја верификува ИПА структурата и органите во Република Северна Македонија од аспект на нивната подготвеност за управување односно доделување на правото на индиректно управување со ИПА средствата од ЕУ на Република Северна Македонија за Годишната акциска програма за животна средина за 2022 година. Во рамките на мисијата беше одржан и состанок во Ревизорското Тело со преставниците од Брисел, каде ги пречека Главниот ревизор Адем Цури со неговите соработници. На состанокот беше изразена благодарност од страна на ревизроите од Евроспка Комисија за извршената ревизија за Проценка за усогласеноста за ИПА 3, која е извршена на најстручен и најсеопфатен начин од страна на Ревизорското тело. Исто така на состанокот се дискутираше за подготвеноста на ИПА структурата како и подготвеноста на Ревизорското Тело за вршење на ревизии за Годишната акциска програма за животна средина за 2022 година чиј вкупен буџет изнесува 63 милиони евра.