Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, денеска беше организиран почетен состанок за официјален почеток на активностите во рамките на проектот за техничка помош наменета за подготовка на Ревизорското тело во Република Северна Македонија за ИПА III.

Главниот ревизор Г-дин Адем Цури потенцираше дека имајќи ги предвид задачите и одговорностите на Ревизорското тело во ревизијата на фондовите на ЕУ и со цел да се продолжи со зајакнување на капацитетите и да се обезбеди високо ниво на компетентност и квалитет на ревизија во согласност со правилата и прописите на ИПА III и меѓународно прифатените ревизорски стандарди, со овој проект се очекува дополнително да се зголеми знаењето, ефективноста и ефикасноста во спроведувањето на ревизиите и заштитата на националните и финансиските интереси на ЕУ во согласност со барањата на ИПА III.