РАБОТИЛНИЦА ЉУБЉАНА, ОКТОМВРИ 2014

Работилница на тема Финансиска ревизија се одржа во периодот од 30 септември до 2 октомври 2014 година во Центарот за унапредување на финансиите (CEF), Љубљана, Словенија. Оваа работилница, организирана од страна на CEF, Љубљана ја посетија двајца ревизори од Ревизорското тело за ревизија на ИПА од Република Македонија заедно со уште 26 учесници од 13 други земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Монголија, Словачка, Словенија, Турција и Украина. Теми опфатени со работилницата: анализа на ризик, вклучувајќи ризик од измама; финансиски систем и интерна контрола; ревизорски пристап; ревизорски техники, вклучувајќи статистички примерок; ревизорски извештај и изразување мислење; следење на ревизорски наоди, со фокусирање на практични искуства и конкретни примери од праксата, и значително време посветено на дискусии. Обуката беше реализирана од страна на експерти од Министерството за финансии на Холандија како и двајца експерти од Словенија. Предавачи: Shams Arya и Corin Ansing-Ruisbroek, Министерството за финансии на Холандија и Zdenka Vidovic и Metka Sedej, експертки од Словенија.