По повод 15 годишнината од основањето и работата на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА, во периодот 28-29 септември 2022 година во Скопје, се одржува регионална Конференција на Ревизорски тела за ревизија на ИПА на тема „Научени лекции од ИПА 2 и предизвици кон ИПА 3″.
На конференцијата присуствуваат претставници од Генералните директорати на Европската Комисија (DG REGIO, DG NEAR, DG AGRI), Канцеларијата за борба против измами на Европската Комисија (OLAF), Делегацијата на Европската Унија во Скопје,претставници на Ревизорските тела од земјите членки на Европската Унија (Италија, Грција, Бугарија и Романија) и земјите кориснички на ИПА (Србија, Црна Гора, Албанија и Турција), кои разменија искуства преку свои излагања за значењето и работата на Ревизорските тела во заштитата на националните и интересите на Европската Унија.
Целтта на конференцијата е продлабочување на искуствата помеѓу Ревизорските тела на земјите со кандидатски статус Албанија, Црна Гора, Србија, Турција и Република Северна Македонија, кои во двата претходни програмирачки периоди за ИПА 1 (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020), а сега соочени пред предизвиците на новиот програмирачки период ИПА 3 (2021-2027) остваруваат блиска соработка значајна во извршувањето на ревизиите на инструментот за претпристапна помош (ИПА). Во рамките на конференцијата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Ревизорското Тела за ревизија на ИПА на Република Северна Македонија и Ревизорските тела на  Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.