Средба на Главниот ревизор, г-дин Адем Цури, со Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски

Главниот ревизор, г-дин Адем Цури оствари средба со Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

На средбата се разговараше за постигнатите резултати на Ревизорското Тело како во национално така и во меѓународно ниво со формирање на мрежата на Ревизорски тела на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Исто така тема на разговор беше и состојбата со ИПА структурата во земјата, искористеноста на фондовите, и важната улога на Ревизорското Тело во ИПА системот особено сега со ИПА 3 новиот програмирачки период 2021-2027 година.

Посебен акцент во средбата се даде на потребната поддршка на изработка на трајна политика за задржување на кадарот во ИПА структурата како и зајакнување на капацитетите со цел поефикасно искористување на европските фондови во наредниот период.

Потпишан Меморандум за соработка со Министерството за финансии, 21 јуни 2023

На 21 јуни 2023 година, Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош и Министерството за финансии потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот беше потпишан од страна на главниот ревизор за ИПА – Адем Цури и министерот за финансии – Фатмир Бесими.

Целта на Меморандумот е да се  унапреди и зајакне соработката меѓу двете институции за работи од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности за ефикасна заштита на финансиските интереси на Европска Унија и сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на Европската Унија во спроведувањето на програмите на Европската Унија, кои во претпристапниот период ги вклучуваат средствата од ИПА фондовите.

На истиот ден Министерството за финансии  потпиша меморандум за соработка со Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција.