Работна средба со претставници од Европската Комисија во Брисел – Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство (DG ENEST – Directorate-General for Enlargement and Eastern Neighbourhood)

Во рамките на еднонеделната ревизорска мисија (03.03.-07.03.2025) на претставниците на Европската комисија во Брисел – Генерален директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST), на 06.03.2025 година, се одржа работен состанок со DG ENEST и Ревизорското тело за ревизија на ИПА.

На работната средба во присуство на Главниот ревизор за ИПА г-дин Милаим Абдураими и Заменик Главниот Ревизор за ИПА г-дин Иван Игњатов, како и советниците и помошниците на Главниот ревизор за ИПА, посебен фокус беше ставен на предизвиците на ИПА III и важната улога на независното Ревизорско тело во ИПА системот.

DG ENEST изрази благодарност за професионалната соработка помеѓу Ревизорското тело и Европската комисија.

На состанокот се дискутираа понатамошни приоритети и цели за зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело и особено значењето за DG ENEST на работата и резултатите на Ревизорското тело поврзано со зголемената ефикасност, ефективност и правилното искористување на поддршката од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Работна средба со г-дин Кевин Агиус, Генерален Директор на Директоратот за истраги за внатрешна ревизија (ИАИД) при Канцеларијата на Премиерот на Малта

На 13.02.2025, д-р Иван Игњатов, в.д. Заменик Главен Ревизор за ИПА, придружуван од м-р Ружица Бошнакоска, Помошник на Главниот Ревизор и г-ѓа Светлана Тодоровска, Самостоен ревизор остварија работна средба со г-дин Кевин Агиус, Генерален Директор на Директоратот за истраги за внатрешна ревизија (ИАИД) при Канцеларијата на Премиерот на Малта.

За време на посетата посебен акцент се стави на ревизорскиот пристап и методологијата за ревизија на фондовите на ЕУ, пристапот за спроведување на истраги и зајакнувањето на нашата идна институционална соработка преку размена на експерти за ревизија од двете ревизорски институции.

Голема благодарност до г-дин Кевин Агиус, Генерален директор на IAID и неговиот тим за исклучителното гостопримство и отвореноста за зајакнување на идната меѓуинституционална соработка.

Прва официјална посета на Националната Ревизорска Канцеларија (НАО) на Малта

На 12.02.2025, Заменикот Главен Ревизор, д-р Иван Игњатов придружуван од г-ѓа Ружица Бошнакоска, Помошник на Главниот Ревизор и г-ѓа Светлана Тодоровска, Самостоен ревизор, остварија исклучително корисна посета на Националната Ревизорска Канцеларија (НАО) на Малта! 

За време на посетата со г-дин Чарлс Дегуара, Главниот ревизор на НАО во Малта, г-дин Ноел Камилери, Заменик Главен Ревизор, г-ѓа Тања Мерциеца, Помошник Главен Ревизор и Раководител на Секторот за Финансиска Ревизија, г-ѓа Ребека Васало, Офицер за врски и г-дин Џонатан Васало, Постојан Секретар во Канцеларијата на Премиерот на Малта, се оствари многу корисен состанок и размена на искуства за ревизијата на ЕУ фондовите и ги запознаа колегите подетално со мандатот, задачите и одговорностите на Ревизорското тело за ревизија на ИПА во Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на идната соработка. 

Голема благодарност до г-дин Дегуара и неговиот тим за исклучителната гостопримливост за време на посетата.