Средба на Главниот Ревизор со Генералниот Директор на ОЛАФ во Брисел

Средба на Главниот Ревизор со Генералниот Директор на ОЛАФ во Брисел

Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, оствари средба со Генералниот Директор на ОЛАФ при Европската Комисија во Брисел, г-дин Виле Итала. На средбата учествуваа и Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси со претставници од Кабинетот и г-дин Иван Игњатов, Советник на Главниот Ревизор. На средбата се разговараше за активностите кои се преземаат во насока на превенција, откривање и борба против случаи на неправилности и можни измами, како и можноста за активна вклученост на Република Северна Македонија во Програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027). Г-дин Цури и г-дин Итала ја потенцираа важноста и улогата на Ревизорското тело како независен ревизор во ИПА системот при откривањето на неправилности и случаи на можни измами, како и потребата за понатамошното зајакнување на соработката помеѓу Ревизорското тело и ОЛАФ со потпишување на Административен Договор за соработка. За време посетата во Брисел, се остварија одделни средби и со Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, Шеф на мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ и со претставници од Генералниот Директорат за Регионален развој при Европската Комисија.

Средба Цури – Гир

Средба Цури – Гир

Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, оствари средба со амбасадорот на ЕУ и шеф на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, г-дин Давид Гир. На средбата учествуваа и г-дин Штефан Худолин, Шеф за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г-дин Сергеј Михајлов, Програмски менаџер, г-ѓа Катерина Кус-Иванова Филкова, Програмски менаџер и г-дин Иван Игњатов, Советник на Главниот Ревизор за ревизија на програми финансирани од ЕУ и меѓународна соработка. На средбата се разговараше за состојбата со ИПА средствата во Република Северна Македонија, ИПА структурата и важноста на улогата на Ревизорското тело во ИПА системот. На средбата посебен акцент се стави на продолжувањето на добрата соработка помеѓу двете институции и поддршката од ДЕУ за понатамошното зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело како врховна ревизорска институција во ИПА системот одговорна за ревизија на правилната имплементација на ЕУ фондовите во Република Северна Македонија.

Градење на сметководствени и ревизорски синергии – Скопје 2021 година

Градење на сметководствени и ревизорски синергии – Скопје 2021 година

Овластениот институт за јавни финансии и сметководство, Лондон (CIPFA) и ЦЕФ, Љубљана (Center of Excellence in Finance) беа домаќини на првата заедничка конференција. Организиран како хибриден настан, тој служеше како платформа за размена на експертско знаење, искуство, најдобри практики и препораки до сметководителите и ревизорите во јавниот сектор, и на регионално и на глобално ниво. На истиот учествуваа Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, Советникот на главниот ревизор за ИПА, г-ѓа Наташа Мисовска и Помошникот на главниот ревизор, г-ѓа Весна Младеновска. Дводневен настан обедини сметководители и ревизори кои работат во министерствата за финансии и ресорните министерства и претставници на врховните ревизорски институции, менаџери за човечки ресурси, претставници на академските институции, овластени сметководители и ревизори на CIPFA и други јавни службеници чија работа се однесува на теми за дискусија. Конференцијата опфати четири главни теми за дискусија: управување со имотот на јавниот сектор, антикорупција, лидерство за реформи и посебно беше нагласено учењето и споделувањето на знаењето на сметководителите и ревизорите. Како што беше истакнато во поздравниот говор од г. Бесими, министер за финансии на Република Северна Македонија, „Сега е вистинско време да се засили интензитетот на активностите за финансиско управување и контрола во врска со буџетскиот циклус, во сите нејзини фази : планирање, програмирање, подготовка на финансиски план, извршување, сметководство и известување, и сето горенаведено е важно да се поддржи со силен и независен процес на ревизија што ќе обезбеди повратни информации за направените трошоци, како и за резултатите од спроведените програми , активности и проекти “. За дополнителни согледувања и впечатоци од конференцијата, посетете го CEF на Facebook, LinkedIn, Instagram and Twitter и побарајте #CEFCIPFAconf2021.

Потпишување на Меморандум

Потпишување на Меморандум

Главниот ревизор за ИПА на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на Република Северна Македонија, г-дин. Адем Цури, и Главниот ревизор на Националниот завод за ревизија на Република Косово, г-дин Бесник Османи потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Официјалната церемонија на потпишувањето беше организирана во просториите на Националниот завод за ревизија на Косово во Приштина на 25 мај 2021 година, во присуство на Амбасадорот на Северна Македонија во Косово, г-ѓа Шпреса Јусуфи, Заменикот претседател на Владата на Северна Македонија, г-дин. Фатмир Битиќи и Заменикот претседател на Владата и Министер за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, г-ѓа Доника Гервала. Потпишувањето на Меморандумот за соработка има за цел натамошно јакнење на соработката помеѓу институциите во областа на ревизија на средствата од ИПА, со фокусирање на откривањето и спречувањето на нерегуларности и случаи на можна измама, што ќе води кон натамошно подобрување на ревизорскиот пристап и методологија и јакнење на административните капацитети на двете институции.

Посета на ФИНСКА

Посета на ФИНСКА

Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на ИПА фондовите од Република Северна Македонија во состав: г-дин Адем Цури -Главен ревизор, г-дин Лиман Мухаджири – Заменик Главен ревизор и г-дин Иван Игњатов – Помошник Главен Ревизор, оствари работна посета на Хелсинки, Финска:

Главниот ревизор Адем Цури денеска учествуваше на заедничкиот состанок на делегациите од Република Македонија и Албанија

Главниот ревизор Адем Цури денеска учествуваше на заедничкиот состанок на делегациите од Република Македонија и Албанија

Главниот ревизор Адем Цури денеска учествуваше на заедничкиот состанок на делегациите од Република Македонија и Албанија во Европската комисија во Брисел во процесот на објаснувачки скрининг како дел од подготовките за почеток на преговори за учество на Република Македонија како полноправна членка на EУ:

Претседателот, г-дин Лучијан Дан Владеску, оствари посета на Ревизорското тело

Претседателот, г-дин Лучијан Дан Владеску, оствари посета на Ревизорското тело

Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на ЕУ фондовите од Република Романија предводена од Претседателот, г-дин Лучијан Дан Владеску, оствари посета на Ревизорското тело:

Остварена посета на Европскиот Суд на ревизори во Луксембург

Остварена посета на Европскиот Суд на ревизори во Луксембург

Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош од Република Македонија предводена од г-дин Адем Цури, Главен ревизор за ИПА, на 23 и 24 Април 2018 година оствари посета на Европскиот Суд на ревизори во Луксембург:

ПОСЕТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД НА РЕВИЗОРИ

ПОСЕТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД НА РЕВИЗОРИ

Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош од Република Македонија предводена од г-дин Адем Цури, Главен ревизор за ИПА, на 23 и 24 Април 2018 година оствари посета на Европскиот Суд на ревизори во Луксембург: