Работилница со учесници од повеќе земји за ревизорски тела од ИПА 1 земјите

Работилница со учесници од повеќе земји за ревизорски тела од ИПА 1 земјите

Работилница со учесници од повеќе земји за ревизорски тела од ИПА 1 земјите (оцена и изразување мислење, пресметување на стапка на грешка) се одржа во периодот од 24-25 ноември 2015 година во Загреб и Карловац, Хрватска:

Работилницата на тема ИПА II

Работилницата на тема ИПА II

Работилницата на тема ИПА II се одржа во периодот од 2-4 февруари 2015 година во Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЉУБЉАНА, ОКТОМВРИ 2014

РАБОТИЛНИЦА ЉУБЉАНА, ОКТОМВРИ 2014

Работилница на тема Финансиска ревизија се одржа во периодот од 30 септември до 2 октомври 2014 година во Центарот за унапредување на финансиите (CEF), Љубљана, Словенија. Оваа работилница, организирана од страна на CEF, Љубљана ја посетија двајца ревизори од Ревизорското тело за ревизија на ИПА од Република Македонија заедно со уште 26 учесници од 13 други земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Монголија, Словачка, Словенија, Турција и Украина. Теми опфатени со работилницата: анализа на ризик, вклучувајќи ризик од измама; финансиски систем и интерна контрола; ревизорски пристап; ревизорски техники, вклучувајќи статистички примерок; ревизорски извештај и изразување мислење; следење на ревизорски наоди, со фокусирање на практични искуства и конкретни примери од праксата, и значително време посветено на дискусии. Обуката беше реализирана од страна на експерти од Министерството за финансии на Холандија како и двајца експерти од Словенија. Предавачи: Shams Arya и Corin Ansing-Ruisbroek, Министерството за финансии на Холандија и Zdenka Vidovic и Metka Sedej, експертки од Словенија.

СЕМИНАР СКОПЈЕ, СЕПТЕМВРИ 2014

СЕМИНАР СКОПЈЕ, СЕПТЕМВРИ 2014

Семинар на тема Обука за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци, се одржа на 15 септември 2014 година во просториите на Капитал Академија во Скопје. На обуката присуствуваше одговорното лице за заштитана личните податоци во Ревизорското тело. Теми на семинарот: Заштита на личните податоци, имплементација на Законот за заштита на личните податоци, технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. Предавачи: Игор Кузевски и Маријана Поповска од Дирекцијата за заштитана личните податоци.

ТЕХНИЧКИ ЗАВРШЕН НАСТАН, БУДИМПЕШТА, АВГУСТ 2014

ТЕХНИЧКИ ЗАВРШЕН НАСТАН, БУДИМПЕШТА, АВГУСТ 2014

Технички завршен настан за одржани семинари на тема „Контрола на јавни набавки со цел јакнење на капацитетите на ex-ante и вградените контроли за откривање и елиминирање на можни случаи на неправилности и измами“, организиран во рамки на Програмата на Европската унија – Hercule II 2007-2013,се одржа во периодот од 27 до 29 август 2014 година во хотелот Зара Континентал во Будимпешта. На настанот присуствуваше еден ревизор за ИПА од Ревизорското тело, како и претставници од Секторот Национален фонд, Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамки на Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања од Република Македонија. Целта на настанот беше да се сумираат искуствата стекнати од претходно одржаните семинари во јули 2014 година. Претставниците од земјите учеснички на семинарите Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Турција партиципираа со свои презентации на тема „Што може да се имплементира на основа на искуството од претходно одржаните семинари“. Како дополнување беше организирана работилница со наслов „Како би се воспоставил системот во периодот после пристапување во ЕУ врз основа на претходно одржаните семинари“. Во продолжение, од страна на експерт за јавни набавки во рамки на Канцеларијата на премиерот во Унгарија беа презентирани потешкотиите кои се јавиле при усогласувањето на законодавството на Унгарија со ЕУ од аспект на јавните набавки. Искуства од контролата на јавните набавки од страна на Европската комисија беа презентирани од страна на ревизор од Европската Комисија – ГД РЕГИО.

РАБОТИЛНИЦА (Примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА) СКОПЈЕ, МАЈ 2014

РАБОТИЛНИЦА (Примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА) СКОПЈЕ, МАЈ 2014

Работилница за примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА верзија 2– обука за Ревизорското тело (РТ) во рамките на проектот „Техничка помош на Ревизорското тело” FWC beneficiaries 2009 – Lot 11, EUROPE AID/127054/C/SER/MULTI. Обуката за Ревизорското тело „Примена на Прирачникот за ревизија на ИПА, документирање на ревизорски наоди и заклучоци и завршна ревизија” се одржа од 26 до 28 мај 2014 година во Хотел ТЦЦ Плаза во Скопје. Цел на обуката беа вработените во РТ да се стекнат со теоретски познавања и практично разбирање на: – примената на Прирачникот за ревизија на ИПА, верзија2, ДелI – Заедничко издание, ДелII – Посебно издание за ИПА компонентите I-IV и ДелIII – Посебно издание за ИПА компонентата V, во рамките на ИПА регулативата,меѓународно прифатените стандарди за ревизија и упатствата од ЕК, – концептите на годишното планирање и известување во рамките на целокупниот циклус на ревизија, – сите аспекти на планирање, спроведување на ревизијата и известување за резултатите од системската ревизија, ревизијата на операции и завршните ревизии (и ревизија на сметки кај ИПАРД), и – способност за самостојно пишување на ревизорски наоди и препораки. Обуката беше комбинација како на општи теории за ревизија во различни ИПА компоненти, така и на практични примери на детални технички вештини за разни аспекти на ревизијата. Истата беше наменета за вработените во Ревизорското тело (на обуката присуствуваше и претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје). Предавачи: Andra Larin-van der Pijl, тим лидер и експерт за ревизија и Ludmila Rangelova, експерт за ревизија