РАБОТИЛНИЦА (Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА) СКОПЈЕ, MAJ 2014

image

РАБОТИЛНИЦА (Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА) СКОПЈЕ, MAJ 2014

Работилница на тема Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА, во организација на ТАИЕКС во соработка со Ревизорското тело за ревизија на ИПА во РМ, се одржа на 15 мај 2014 година во хотел Арка во Скопје. На обуката присуствуваа сите ревизори на Ревизорското тело, двајца ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Теми на работилницата: фази на финансиска ревизија - планирање, извршување, известување и последователни дејства. Предавачи: Иван Рамљак од Агенцијата за ревизија на системот за имплементација на програмите на ЕУ, Хрватска и Иван Панчев од Извршната агенцијата за ревизија на ЕУ фондови во Бугарија.