РАБОТИЛНИЦА (Примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА) СКОПЈЕ, МАЈ 2014
Работилница за примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА верзија 2– обука за Ревизорското тело (РТ) во рамките на проектот „Техничка помош на Ревизорското тело” FWC beneficiaries 2009 – Lot 11, EUROPE AID/127054/C/SER/MULTI. Обуката за Ревизорското тело „Примена на Прирачникот за ревизија на ИПА, документирање на ревизорски наоди и заклучоци и завршна ревизија” се одржа од 26 до 28 мај 2014 година во Хотел ТЦЦ Плаза во Скопје. Цел на обуката беа вработените во РТ да се стекнат со теоретски познавања и практично разбирање на: – примената на Прирачникот за ревизија на ИПА, верзија2, ДелI – Заедничко издание, ДелII – Посебно издание за ИПА компонентите I-IV и ДелIII – Посебно издание за ИПА компонентата V, во рамките на ИПА регулативата,меѓународно прифатените стандарди за ревизија и упатствата од ЕК, – концептите на годишното планирање и известување во рамките на целокупниот циклус на ревизија, – сите аспекти на планирање, спроведување на ревизијата и известување за резултатите од системската ревизија, ревизијата на операции и завршните ревизии (и ревизија на сметки кај ИПАРД), и – способност за самостојно пишување на ревизорски наоди и препораки. Обуката беше комбинација како на општи теории за ревизија во различни ИПА компоненти, така и на практични примери на детални технички вештини за разни аспекти на ревизијата. Истата беше наменета за вработените во Ревизорското тело (на обуката присуствуваше и претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје). Предавачи: Andra Larin-van der Pijl, тим лидер и експерт за ревизија и Ludmila Rangelova, експерт за ревизија