Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош

За Нас

За нас

Добредојдовте

Добредојдовте на официјалната страница на Ревизорското тело за ревизија на претпристапната помош на Европската Унија во Република Северна Македонија. Целта на оваа страница е запознавање на јавноста со податоци и информации за Ревизорското тело. Правната рамка за ревизија на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и работењето на Ревизорското тело произлегува од Регулативата број 1085/2006 на Советот на Европската унија.

Со Законот за ревизија на ИПА се формира Ревизорско тело како самостојно и независно правно лице, функционално независно од сите учесници во системите за управување и контрола со инструментот за претпристапна помош. Со законот, се уредуваат предметот на ревизија, организацијата и надлежностите на Ревизорското тело и начинот на вршење на ревизија на ИПА во Република Северна Македонија при децентрализирано управување со и без ex-ante контрола од страна на Европската Kомисија.

Визија

Унапредување на процесот на ефикасно и ефективно управување со средствата од ИПА, на отчетноста и транспарентноста во користење на истите, преку континуирано обезбедување на интегритет и квалитет во ревизиите со цел давање на соодветни ревизорски мислења и препораки за поефективно и стабилно функционирање на надлежните системите за управување, контрола и надзор со претпристапната помош на ЕУ во РСМ.

Мисија

Ревизорското тело е независен надворешен ревизор надлежен за ревизија и давање на мислење за правилно функционирање на системите за управување, контрола и надзор со претпристапната помош на ЕУ во РСМ, за целосноста, точноста и веродостојноста на годишните финансиски извештаи или изводи, за законитоста и регуларноста на настанатите трансакции со цел заштита на финансиските интереси на заедницата и националните интереси.

Органограм

Организациска шема на ревизорското тело

Историјат

Во 2006 година со регулативата на ЕЗ број 1085/2006 за прв пат се поставија основите за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за земјите кандидатки за членство во ЕУ и потенцијалните земји членки.

За таа цел со Одлука на Владата на Република Македонија на ден 31 јули 2007 година во рамките на Државниот завод за ревизија беше формирано Ревизорско тело за ревизија на претпристапните фондови на Европската унија во Република Северна Македонија (РСМ).

Во ноември 2007 година донесени се измени и дополнувања на Законот за државната ревизија (“Службен весник на РМ” број 133/2007) во кој беа уредени надлежностите и мандатот на Ревизорското тело усогласен со Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија и Комисијата на европските заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од Европската Комисија за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (Рамковна спогодба) и Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на европските заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (Секторска спогодба).

Ревизорското тело во рамки на Државниот завод за ревизија функционираше независно од неговите организациони облици во периодот од 2007 до 2011 година, а соработката со Државниот завод за ревизија се остваруваше согласно Меморандумот за соработка склучен на август 2007 година.

Во март 2008 година од страна на Европската Комисија одобрен е Проектот за “Техничка помош за градење на капацитетите на Ревизорското тело”. Истиот беше спроведен во периодот од месец април 2008 заклучно со март 2009 година од страна на компанијата Crown Agents – Велика Британија. Основната цел на проектот беше да обезбеди техничка помош на Ревизорското тело за формирање и зајакнување на капацитетите во согласност со ИПА регулативата.

Правото на децентрализирано управување со средствата за претпристапна помош Република Македонија го доби во 2009 и 2010 година, финансиран од страна на ЕУ од програмата на ИПА 2012.

Во периодот 2007-2010 година, Ревизорското тело ги зајакна сопствените капацитети преку вработување на 18 лица и распоредување на 5 лица од Државниот завод за ревизија.

Следејќи ги препораките на Европската Комисија за обезбедување на функционална независност на Ревизорското тело, во мај 2010 година донесен е посебен Закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), (“Службен весник на РМ” број 66/2010), со кој се уредува предметот на ревизија, организацијата и надлежностите на Ревизорското тело и начинот на вршење на ревизија на инструментот за претпристапна помош во РМ.

Во јуни 2011 година извршен е упис во Централниот регистар на Република Македонија на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош во Република Македонија како независно правно лице.

Со формирањето на Ревизорското тело како посебен правен субјект, преземени се сите 28 вработени од Државниот завод за ревизија во новиот правен субјект – Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош при што е овозможен континуитет во спроведувањето на ревизијата на ИПА.

Во периодот од јуни 2013 до јули 2014 се реализираше проектот за техничка помош на Ревизорското тело од страна на експерти ангажирани од фирмата DFC, Шпанија, финансиран од страна на ЕУ.

Во периодот од месец мај 2016 до септември 2017 се реализираше Твининг договорот за понатамошно зајакнување и развој на капацитетите на РТ со партнерите од земјите членки-Ревизорското тело на Холандија и Ревизорското тело на Хрватска, финансиран од страна на ЕУ од програмата на ИПА 2012.

Мандатот и надлежностите на Ревизорското тело се состои во вршење ревизија на програми финансиарани од ЕУ преку индиректно управување од страна на административната структура за ИПА формирана во државните институции на РСМ.

Целта на ревизиите е да се издадат извештаи и мислења по програми за објективноста на годишните финансиски извештаи или изјави/годишни сметки и за законитоста и точноста на трошоците и функционирањето на системот за управување и контрола за спроведувањето на претпристапната помош на Европската унија во Република Северна Македонија при индиректно управување со и без ex-ante контрола од страна на Европската комисија.

Годишните извештаи за ревизорските активности и ревизорските мислења по програми Ревизорското тело ги доставува до надлежните директорати во ЕК и Владата на РСМ.

Ревизорското тело ревизијата на ИПА ја спроведува согласно меѓународно прифатените стандарди за ревизија на ИНТОСАИ (ISSAI) и упатствата дадени од надлежните директорати на ЕК.

Согласно Законот, ревизија на работењето на Ревизорското тело врши друштво за ревизија, Европската комисија и Европскиот суд на ревизори. Извештајот од извршената ревизија на друштвото за ревизија се доставува до Владата на РМ најдоцна до 30 јуни во тековната година.

Раководство

Адем Цури, ОДР, СИИ, ОС

Главен ревизор за ИПА

Лиман Мухаџири, ОДР

Заменик Главен ревизор за ИПА

м-р Сашо Најдовски, Овластен државен ревизор

Помошник на Главниот ревизор за ИПА на Сектор за ревизијана програми финансирани од ИПА за реформа и развој на институциите (Сектор за ревизија 1)

м-р Емилија Атанасовска-Јовановиќ, Овластен државен ревизор

Помошник на Главниот ревизор за ИПА на Сектор за ревизија на програми финансирани од ИПА за регионална и територијална соработка (Сектор за ревизија 2)

м-р Љубица Локвенец, Овластен државен ревизор

Помошник на Главниот ревизор за ИПА на Сектор за ревизијана програми финансирани од ИПА за општествено – економски и регионален развој (Сектор за ревизија 3)

м-р Соња Цифорова-Симеонова, Овластен државен ревизор

Раководител на сектор за унапредување на ревизијата

Тамара Касапинова,

Раководител на сектор за финансиски и правни работи