Средба на Главниот Ревизор со Генералниот Директор на ОЛАФ во Брисел

Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, оствари средба со Генералниот Директор на ОЛАФ при Европската Комисија во Брисел, г-дин Виле Итала. На средбата учествуваа и Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси со претставници од Кабинетот и г-дин Иван Игњатов, Советник на Главниот Ревизор. На средбата се разговараше за активностите кои се преземаат во насока на превенција, откривање и борба против случаи на неправилности и можни измами, како и можноста за активна вклученост на Република Северна Македонија во Програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027). Г-дин Цури и г-дин Итала ја потенцираа важноста и улогата на Ревизорското тело како независен ревизор во ИПА системот при откривањето на неправилности и случаи на можни измами, како и потребата за понатамошното зајакнување на соработката помеѓу Ревизорското тело и ОЛАФ со потпишување на Административен Договор за соработка. За време посетата во Брисел, се остварија одделни средби и со Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, Шеф на мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ и со претставници од Генералниот Директорат за Регионален развој при Европската Комисија.