Соoпштение за мирување на постапка за вработување по Јавен оглас број 1/2025 од 07.08.2025 година
Врз основа на Соопштението објавено на веб страната на Собранието на Република Северна Македонија со кое Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија извести дека на ден 9 август 2025 година во 13:40 часот ги распиша локалните избори односно го потпиша Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје број 09-4408/1 од 09.08.2025 година објавено во („Службен весник на Република Северна Македонија број 167/25”), а имајќи го предвид член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 127/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 31/15, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 57/17, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 98/19, 146/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24, 76/24 и 116/25), кој гласи „Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може: “- да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“, Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош известува дека започнатата постапка за вработување на определено време на 2 (двајца) извршители на работно место помлад ревизор по оглас број 1/2025 објавен во дневните весници Нова Македонија и Лајм на ден 7 август 2025 година, се става во мирување.
Скопје, 11.08.2025 година
Ревизорско тело за ревизија
на инструментот за претпристапна помош