Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Ревизорското тело за ИПА и Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија

Главниот ревизор за ИПА, г. Милаим Абдураими, и в.д. претседателот на Советот за унапредување и развој на ревизијата на Република Северна Македонија, г. Филип Василески, потпишаа Меморандум за соработка.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка се поставуваат темелите за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката помеѓу двете институции во областа на ревизијата.

Соработката ќе биде насочена кон професионалниот развој на ревизорите, размената на знаења, искуства и добри практики, како и кон унапредување на ревизорските методологии и институционалните капацитети.

Фокусот на соработката ќе биде насочен кон професионалниот развој на ревизорите, размената на знаења и искуства, како и унапредувањето на ревизорските практики и капацитети.

Ова партнерство претставува значаен чекор кон јакнење на професионалните стандарди и поддршка на квалитетна и современа ревизорска професија.

11-ти EUSAIR Форум: Размена на искуства и идни перспективи за ИПА ревизии

Во периодот од 18-20 мај 2026 година, Република Северна Македонија беше домаќин на 11-тиот форум на Европската Стратегија за Јадранско Јонскиот Регион (EUSAIR).

Во рамките на форумот под претседателство на Република Северна Македонија, на 18-ти Мај 2026 година се одржа сесија за ревизија и контрола со претставници на Ревизорските Тела од регионот како и Генералниот Директорат за Регионална Политика (DG REGIO).

На оваа сесија се дискутираше за предизвиците кои ги очекуваат Ревизорските тела во периодот пост 2027 година, научените лекции од досегашните ревизии на ИПА фондовите како и потребата од поширока соработка на Ревизорските тела со земјите членки на Европската Унија.

Билатерална посета на Ревизорското тело во Република Турција

Во периодот од 9 до 12 февруари 2026 година, главниот ревизор на ИПА, г дин Милаим Абдураими, и заменикот главен ревизор за ИПА, г дин Иван Игњатов, остварија билатерална работна посета во Ревизорското тело нао Република Турција, каде што се сретнаа со главниот ревизор на ревизорското тело на Република Турција, г дин Окан Сулер. За време на средбата беа разменети искуства во однос на мандатот и поставеноста на ревизорските институции одговорни за ревизија на европските фондови, како и можностите за понатамошна соработка. Во насока на зајакнување на капацитетите на ревизорските институции во областа на ревизијата, беа разменети идеи за продлабочување на идната соработка меѓу двете институции, особено во делот на ревизијата на средствата од ИПА III, затворањето на ИПА II програмите и предизвиците со коишто се соочуваат ревизорите при ревизија на ИПА фондовите.

Билатерална средба меѓу Главниот ревизор на ИПА и Главниот директор на Ревизорското тело на Кралството Шпанија

Денес, Главниот ревизор на ИПА, г-дин Милаим Абдураими, оствари билатерална средба со г-дин Пабло Арелјана Пардо, Главен директор на Ревизорското тело на Кралството Шпанија. За време на средбата, Главниот ревизор на ИПА изрази искрена благодарност за реализираната студиска посета во Ревизорското тело на Кралството Шпанија, како и подготвеност за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка. Притоа, беше истакната и можноста за организирање идни обуки и тренинзи во областа на ревизијата на европските фондови.

Меѓународен регионален семинар за ревизорските тела во организација на TAIEX

Во периодот од 16-17.10.2025 во Подгорица, Република Црна Гора, се одржа Меѓународен регионален семинар за ревизорските тела во организација на TAIEX. На семинарот учествуваше и делегација на Ревизорското тело од Република Северна Македонија, претставена од ГРИПА г-дин Миљаим Абдураими и ЗГРИПА г-дин Иван Игњатов.

На семинарот беа остварени средби со претставници на ГД-ЕНЕСТ (DG ENEST), г-ѓа Кристеле Гоулард (Christelle Goulard), Филипе Цезак Хиолински (Philipe Cezak Hiolinski), Бојана Миличевиќ Манунта (Bojana Malichevik Manunta), Jоери Гооссенс (Joery Goonssens), ГД АГРИ (DG AGRI) Илијана Илиева, како и претставници на ревизорските тела на Хрватска, Словенија, Ирска, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција.

На семинарот се разменија искуства со ревизорските тела од регионот во врска со досегашните ревизии на ИПА, како и се дискутираше за претстојните предизвици во ревизиите на ИПА.

Работни средби со претставници од Европската Комисија (Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство) и Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел

Во периодот од 29.10.2025 до 02.10.2025, г-дин Миљаим Абдураими, Главен ревизор за ИПА и г-дин Иван Игњатов, Заменик Главен ревизор за ИПА, остварија работни средби со претставници од Европската Комисија (Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство) и Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел.

Со претставникот од Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство се разговараше за ревизорскиот пристап и методологија при вршење на ревизија на помошта од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со цел на зголемување на ефикасноста и ефективноста на користење на ЕУ фондовите. За време на посетата се оствари средба со Амбасадорот на Република Северна Македонија г-дин Зулфи Исмаили, шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел, каде се разговараше за улогата на Ревизорското тело во системот на ИПА, како и предизвиците за понатамошното зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело,со цел заштита на интересите на даночните обврзници на Република Северна Македонија и на Европската Унија.

Соопштение

Соoпштение за мирување на постапка за вработување по Јавен оглас број 1/2025 од 07.08.2025 година

Врз основа на Соопштението објавено на веб страната на Собранието на Република Северна Македонија со кое Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија извести дека на ден 9 август 2025 година во 13:40 часот ги распиша локалните избори односно го потпиша Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје број 09-4408/1 од 09.08.2025 година објавено во („Службен весник на Република Северна Македонија број 167/25”), а имајќи го предвид член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик („Службен весник  на Република Македонија“, број 40/06, 127/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 31/15, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 57/17, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 98/19, 146/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24, 76/24 и 116/25), кој гласи „Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може: “- да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“, Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош известува дека започнатата постапка за вработување на определено време на 2 (двајца) извршители на работно место помлад ревизор по оглас број 1/2025 објавен во дневните весници Нова Македонија и Лајм на ден 7 август 2025 година, се става во мирување.

Скопје, 11.08.2025 година

Ревизорско тело за ревизија

на инструментот за претпристапна помош

Состанок со в.д. постојаниот претставник на РСМ во Северноатлантскиот совет (NATO) Брисел, Белгија

На 25.04.2025 година, на маргините на нашите посети на институциите на ЕУ, г-дин Милаим Абдураими, главен ревизор за ИПА, во придружба на Шериф Абдулахи, виш ревизор, имаше срдечна средба со вршителот на должноста амбасадор, г-дин Исмаил Ебипи (вршител на должноста постојан претставник на Република Северна Македонија во Северноатлантскиот совет), во просториите на седиштето на НАТО во Брисел, Белгија. За време на средбата разменивме искуства за добро управување и практики.