Во периодот од 29.10.2025 до 02.10.2025, г-дин Миљаим Абдураими, Главен ревизор за ИПА и г-дин Иван Игњатов, Заменик Главен ревизор за ИПА, остварија работни средби со претставници од Европската Комисија (Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство) и Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел.

Со претставникот од Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство се разговараше за ревизорскиот пристап и методологија при вршење на ревизија на помошта од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со цел на зголемување на ефикасноста и ефективноста на користење на ЕУ фондовите. За време на посетата се оствари средба со Амбасадорот на Република Северна Македонија г-дин Зулфи Исмаили, шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел, каде се разговараше за улогата на Ревизорското тело во системот на ИПА, како и предизвиците за понатамошното зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело,со цел заштита на интересите на даночните обврзници на Република Северна Македонија и на Европската Унија.