РАБОТИЛНИЦА (Примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА) СКОПЈЕ, МАЈ 2014

РАБОТИЛНИЦА (Примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА) СКОПЈЕ, МАЈ 2014

Работилница за примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА верзија 2– обука за Ревизорското тело (РТ) во рамките на проектот „Техничка помош на Ревизорското тело” FWC beneficiaries 2009 – Lot 11, EUROPE AID/127054/C/SER/MULTI. Обуката за Ревизорското тело „Примена на Прирачникот за ревизија на ИПА, документирање на ревизорски наоди и заклучоци и завршна ревизија” се одржа од 26 до 28 мај 2014 година во Хотел ТЦЦ Плаза во Скопје. Цел на обуката беа вработените во РТ да се стекнат со теоретски познавања и практично разбирање на: – примената на Прирачникот за ревизија на ИПА, верзија2, ДелI – Заедничко издание, ДелII – Посебно издание за ИПА компонентите I-IV и ДелIII – Посебно издание за ИПА компонентата V, во рамките на ИПА регулативата,меѓународно прифатените стандарди за ревизија и упатствата од ЕК, – концептите на годишното планирање и известување во рамките на целокупниот циклус на ревизија, – сите аспекти на планирање, спроведување на ревизијата и известување за резултатите од системската ревизија, ревизијата на операции и завршните ревизии (и ревизија на сметки кај ИПАРД), и – способност за самостојно пишување на ревизорски наоди и препораки. Обуката беше комбинација како на општи теории за ревизија во различни ИПА компоненти, така и на практични примери на детални технички вештини за разни аспекти на ревизијата. Истата беше наменета за вработените во Ревизорското тело (на обуката присуствуваше и претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје). Предавачи: Andra Larin-van der Pijl, тим лидер и експерт за ревизија и Ludmila Rangelova, експерт за ревизија

РАБОТИЛНИЦА (Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА) СКОПЈЕ, MAJ 2014

РАБОТИЛНИЦА (Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА) СКОПЈЕ, MAJ 2014

Работилница на тема Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА, во организација на ТАИЕКС во соработка со Ревизорското тело за ревизија на ИПА во РМ, се одржа на 15 мај 2014 година во хотел Арка во Скопје. На обуката присуствуваа сите ревизори на Ревизорското тело, двајца ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Теми на работилницата: фази на финансиска ревизија – планирање, извршување, известување и последователни дејства. Предавачи: Иван Рамљак од Агенцијата за ревизија на системот за имплементација на програмите на ЕУ, Хрватска и Иван Панчев од Извршната агенцијата за ревизија на ЕУ фондови во Бугарија.

Работилница за примена на Упатствата за потврдување на сметки во организацијата на TAIEX

Работилница за примена на Упатствата за потврдување на сметки во организацијата на TAIEX

Работилница за примена на Упатствата за потврдување на сметки во организацијата на TAIEX – спроведена од експерти од Генералниот директорат за земјоделие и рурален развој – Брисел. Работилницата се одржа во Берово. На истата присуствуваа сите ревизори од Ревизорското тело. Оваа работилница ги образложи главните Упатства за ревизија на IPARD, вклучувајќи вежби, фокусирајќи се на контролниот пристап и методологија. Целта на работилницата беше да се обезбедат насоки на Ревизорските тела во оценка и изразување на мислење за системот за управување и контрола, сметките и изјавата за трошоци. Предавачи: Gilles Kittel, Evelina Marinova, Olga Stiegrad, Lucia De Lorenzo Serrano, Monica Olteanu од ГД АГРИ