Генеративната вештачка интелигенција, како нова перспектива во борбата против измамата. Ви благодариме претседателe Џон Д. Гил (Association of Certified Fraud Examiners);
Category Archives: Обуки и настани
Конференција за Управување со верификациите базирани на ризик организирана од Interact за Interreg програмите, 28.09.2023, Талин, Естонија
Задоволни сме што придонесуваме со нашето знаење и искуство во изработката на Методологијата која ќе се применува во ЕRDF ( Европските фондови за регионален развој) и CF (Кохезионите фондови). Ревизорското тело е целосно спремно за ревизија на овие фондови во иднина. Беше голема чест за мене како единствена земја кандидат да ја презентирам методологијата за RBMV пред Европската Комисија и земјите членки на ЕУ.
Средба на Главниот ревизор, г-дин Адем Цури, со Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски
Главниот ревизор, г-дин Адем Цури оствари средба со Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.
На средбата се разговараше за постигнатите резултати на Ревизорското Тело како во национално така и во меѓународно ниво со формирање на мрежата на Ревизорски тела на земјите кандидати за членство во ЕУ.
Исто така тема на разговор беше и состојбата со ИПА структурата во земјата, искористеноста на фондовите, и важната улога на Ревизорското Тело во ИПА системот особено сега со ИПА 3 новиот програмирачки период 2021-2027 година.
Посебен акцент во средбата се даде на потребната поддршка на изработка на трајна политика за задржување на кадарот во ИПА структурата како и зајакнување на капацитетите со цел поефикасно искористување на европските фондови во наредниот период.
Потпишан Меморандум за соработка со Министерството за финансии, 21 јуни 2023
На 21 јуни 2023 година, Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош и Министерството за финансии потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот беше потпишан од страна на главниот ревизор за ИПА – Адем Цури и министерот за финансии – Фатмир Бесими.
Целта на Меморандумот е да се унапреди и зајакне соработката меѓу двете институции за работи од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности за ефикасна заштита на финансиските интереси на Европска Унија и сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на Европската Унија во спроведувањето на програмите на Европската Унија, кои во претпристапниот период ги вклучуваат средствата од ИПА фондовите.
На истиот ден Министерството за финансии потпиша меморандум за соработка со Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција.
Мисија на DG NEAR за ИПА 3
Во периодот од 27-31 март 2023, претставници од Генералниот Директорат за добрососедство и проширување на Европската Комисија од Брисел беа на мисија на ИПА структурата и органите во Република Северна Македонија. Оваа мисија имаше за цел да ја верификува ИПА структурата и органите во Република Северна Македонија од аспект на нивната подготвеност за управување односно доделување на правото на индиректно управување со ИПА средствата од ЕУ на Република Северна Македонија за Годишната акциска програма за животна средина за 2022 година. Во рамките на мисијата беше одржан и состанок во Ревизорското Тело со преставниците од Брисел, каде ги пречека Главниот ревизор Адем Цури со неговите соработници. На состанокот беше изразена благодарност од страна на ревизроите од Евроспка Комисија за извршената ревизија за Проценка за усогласеноста за ИПА 3, која е извршена на најстручен и најсеопфатен начин од страна на Ревизорското тело. Исто така на состанокот се дискутираше за подготвеноста на ИПА структурата како и подготвеноста на Ревизорското Тело за вршење на ревизии за Годишната акциска програма за животна средина за 2022 година чиј вкупен буџет изнесува 63 милиони евра.
Тридневна работилница за ревизија на ИПА 3, март 22, 2023
Ревизорското тело за ревизија на ИПА преку ЕУ проектот„Зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело за ревизија на ИПА 3“ во периодот од 20.03-22.03.2023 во Охрид организираше тридневна работилница за вработените во Ревизорското тело, за најновите правила на PRAG, ревизорскиот пристап за неправилности и измами со барање за известување и клучни индикатори за успешност.
Работилницата беше спроведена од страна на експертот г-дин Тодор Јанкулов, кој го сподели своето искуство за ревизија на ИПА 3 средствата согласно барањата од Европската Комисија преку практични примери и размена на искуства.
Обука за системска ревизија и ревизија на работењето ИПА 3
Во периодот 25-27.01.2023 во х.Радика, Леуново се одржа обука за вработените во Ревизорското тело за ревизорскиот пристап и методологијата за ревизија на ИПА 3.
Обуката се организираше преку проектот за техничка помош на Ревизорското тело за зајакнување на капацитетите за ИПА 3 и беше спроведена од експертот г-дин Тодор Јанкулов.
Регионална Конференција на Ревизорски тела за ревизија на ИПА
По повод 15 годишнината од основањето и работата на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА, во периодот 28-29 септември 2022 година во Скопје, се одржува регионална Конференција на Ревизорски тела за ревизија на ИПА на тема „Научени лекции од ИПА 2 и предизвици кон ИПА 3″.
На конференцијата присуствуваат претставници од Генералните директорати на Европската Комисија (DG REGIO, DG NEAR, DG AGRI), Канцеларијата за борба против измами на Европската Комисија (OLAF), Делегацијата на Европската Унија во Скопје,претставници на Ревизорските тела од земјите членки на Европската Унија (Италија, Грција, Бугарија и Романија) и земјите кориснички на ИПА (Србија, Црна Гора, Албанија и Турција), кои разменија искуства преку свои излагања за значењето и работата на Ревизорските тела во заштитата на националните и интересите на Европската Унија.
Целтта на конференцијата е продлабочување на искуствата помеѓу Ревизорските тела на земјите со кандидатски статус Албанија, Црна Гора, Србија, Турција и Република Северна Македонија, кои во двата претходни програмирачки периоди за ИПА 1 (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020), а сега соочени пред предизвиците на новиот програмирачки период ИПА 3 (2021-2027) остваруваат блиска соработка значајна во извршувањето на ревизиите на инструментот за претпристапна помош (ИПА). Во рамките на конференцијата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Ревизорското Тела за ревизија на ИПА на Република Северна Македонија и Ревизорските тела на Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Тридневна работилница за ревизија на ИПА 3
Ревизорското тело за ревизија на ИПА преку ЕУ проектот„Зајакнување на капацитетите на ревизорското тело заревизија на ИПА 3“ во периодот 13-15 Септември 2022 организираше тридневна работилница за ревизорите заревизорскиот пристап и методологија за ревизија на ИПА 3, согласно Прирачникот за ревизија на ИПА 3 вопрограмскиот период 2021-2027.
Работилницата беше спроведена од страна на експертитег-ѓа Андра Ларин и г-дин Лачезар Спасов, кои господелија своето искуство за ревизија на ИПА 3 средствата согласно барањата од Европската Комисијапреку практични примери и размена на искуства.
Почетен состанок за официјален почеток на активностите во рамките на проектот за техничка помош наменета за подготовка на Ревизорското тело во Република Северна Македонија за ИПА III
Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, денеска беше организиран почетен состанок за официјален почеток на активностите во рамките на проектот за техничка помош наменета за подготовка на Ревизорското тело во Република Северна Македонија за ИПА III.
Главниот ревизор Г-дин Адем Цури потенцираше дека имајќи ги предвид задачите и одговорностите на Ревизорското тело во ревизијата на фондовите на ЕУ и со цел да се продолжи со зајакнување на капацитетите и да се обезбеди високо ниво на компетентност и квалитет на ревизија во согласност со правилата и прописите на ИПА III и меѓународно прифатените ревизорски стандарди, со овој проект се очекува дополнително да се зголеми знаењето, ефективноста и ефикасноста во спроведувањето на ревизиите и заштитата на националните и финансиските интереси на ЕУ во согласност со барањата на ИПА III.