Меѓународен регионален семинар за ревизорските тела во организација на TAIEX

Во периодот од 16-17.10.2025 во Подгорица, Република Црна Гора, се одржа Меѓународен регионален семинар за ревизорските тела во организација на TAIEX. На семинарот учествуваше и делегација на Ревизорското тело од Република Северна Македонија, претставена од ГРИПА г-дин Миљаим Абдураими и ЗГРИПА г-дин Иван Игњатов.

На семинарот беа остварени средби со претставници на ГД-ЕНЕСТ (DG ENEST), г-ѓа Кристеле Гоулард (Christelle Goulard), Филипе Цезак Хиолински (Philipe Cezak Hiolinski), Бојана Миличевиќ Манунта (Bojana Malichevik Manunta), Jоери Гооссенс (Joery Goonssens), ГД АГРИ (DG AGRI) Илијана Илиева, како и претставници на ревизорските тела на Хрватска, Словенија, Ирска, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција.

На семинарот се разменија искуства со ревизорските тела од регионот во врска со досегашните ревизии на ИПА, како и се дискутираше за претстојните предизвици во ревизиите на ИПА.

Работни средби со претставници од Европската Комисија (Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство) и Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел

Во периодот од 29.10.2025 до 02.10.2025, г-дин Миљаим Абдураими, Главен ревизор за ИПА и г-дин Иван Игњатов, Заменик Главен ревизор за ИПА, остварија работни средби со претставници од Европската Комисија (Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство) и Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел.

Со претставникот од Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство се разговараше за ревизорскиот пристап и методологија при вршење на ревизија на помошта од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со цел на зголемување на ефикасноста и ефективноста на користење на ЕУ фондовите. За време на посетата се оствари средба со Амбасадорот на Република Северна Македонија г-дин Зулфи Исмаили, шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската унија во Брисел, каде се разговараше за улогата на Ревизорското тело во системот на ИПА, како и предизвиците за понатамошното зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело,со цел заштита на интересите на даночните обврзници на Република Северна Македонија и на Европската Унија.

Соопштение

Соoпштение за мирување на постапка за вработување по Јавен оглас број 1/2025 од 07.08.2025 година

Врз основа на Соопштението објавено на веб страната на Собранието на Република Северна Македонија со кое Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија извести дека на ден 9 август 2025 година во 13:40 часот ги распиша локалните избори односно го потпиша Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје број 09-4408/1 од 09.08.2025 година објавено во („Службен весник на Република Северна Македонија број 167/25”), а имајќи го предвид член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик („Службен весник  на Република Македонија“, број 40/06, 127/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 31/15, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 57/17, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 98/19, 146/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24, 76/24 и 116/25), кој гласи „Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може: “- да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“, Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош известува дека започнатата постапка за вработување на определено време на 2 (двајца) извршители на работно место помлад ревизор по оглас број 1/2025 објавен во дневните весници Нова Македонија и Лајм на ден 7 август 2025 година, се става во мирување.

Скопје, 11.08.2025 година

Ревизорско тело за ревизија

на инструментот за претпристапна помош

Состанок со в.д. постојаниот претставник на РСМ во Северноатлантскиот совет (NATO) Брисел, Белгија

На 25.04.2025 година, на маргините на нашите посети на институциите на ЕУ, г-дин Милаим Абдураими, главен ревизор за ИПА, во придружба на Шериф Абдулахи, виш ревизор, имаше срдечна средба со вршителот на должноста амбасадор, г-дин Исмаил Ебипи (вршител на должноста постојан претставник на Република Северна Македонија во Северноатлантскиот совет), во просториите на седиштето на НАТО во Брисел, Белгија. За време на средбата разменивме искуства за добро управување и практики.

Билатерален состанок со претставници на OLAF, Брисел, Белгија

На 24.04.2025 година, г-дин Милаим Абдураими, Главен ревизор за ИПА, придружуван од г-ѓа Светлана Дунгевски, помошник главен ревизор за ИПА и г-дин Шериф Абдулахи, виш ревизор, имаа билатерална работна средба со заменик-генералниот директор на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) г-ѓа Сала Састамоинен во просториите на OLAF, Брисел, Белгија.

Во насока на континуирано остварување на заедничките цели за заштита и заштита на финансиските интереси на ЕУ, двете страни го нагласија клучното значење на борбата против корупцијата, измамите, сомневањата за измами и нерегуларности. Генералниот ревизор за ИПА истакна дека преку ревизорската работа, имаме за цел да придонесеме за поголема транспарентност и отчетност во користењето на средствата од ЕУ. Исто така, на маргините на состанокот, Главниот ревизор за ИПА ја нагласи потребата од поддршка за градење капацитети преку обуки, конференции, пракси за подобрување на знаењето на ревизорите во областа на спречување и откривање на корупција и измами.

Работна средба со претставници од Европската Комисија во Брисел – Генералниот Директорат за проширување и Источно соседство (DG ENEST – Directorate-General for Enlargement and Eastern Neighbourhood)

Во рамките на еднонеделната ревизорска мисија (03.03.-07.03.2025) на претставниците на Европската комисија во Брисел – Генерален директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST), на 06.03.2025 година, се одржа работен состанок со DG ENEST и Ревизорското тело за ревизија на ИПА.

На работната средба во присуство на Главниот ревизор за ИПА г-дин Милаим Абдураими и Заменик Главниот Ревизор за ИПА г-дин Иван Игњатов, како и советниците и помошниците на Главниот ревизор за ИПА, посебен фокус беше ставен на предизвиците на ИПА III и важната улога на независното Ревизорско тело во ИПА системот.

DG ENEST изрази благодарност за професионалната соработка помеѓу Ревизорското тело и Европската комисија.

На состанокот се дискутираа понатамошни приоритети и цели за зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело и особено значењето за DG ENEST на работата и резултатите на Ревизорското тело поврзано со зголемената ефикасност, ефективност и правилното искористување на поддршката од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Работна средба со г-дин Кевин Агиус, Генерален Директор на Директоратот за истраги за внатрешна ревизија (ИАИД) при Канцеларијата на Премиерот на Малта

На 13.02.2025, д-р Иван Игњатов, в.д. Заменик Главен Ревизор за ИПА, придружуван од м-р Ружица Бошнакоска, Помошник на Главниот Ревизор и г-ѓа Светлана Тодоровска, Самостоен ревизор остварија работна средба со г-дин Кевин Агиус, Генерален Директор на Директоратот за истраги за внатрешна ревизија (ИАИД) при Канцеларијата на Премиерот на Малта.

За време на посетата посебен акцент се стави на ревизорскиот пристап и методологијата за ревизија на фондовите на ЕУ, пристапот за спроведување на истраги и зајакнувањето на нашата идна институционална соработка преку размена на експерти за ревизија од двете ревизорски институции.

Голема благодарност до г-дин Кевин Агиус, Генерален директор на IAID и неговиот тим за исклучителното гостопримство и отвореноста за зајакнување на идната меѓуинституционална соработка.

Прва официјална посета на Националната Ревизорска Канцеларија (НАО) на Малта

На 12.02.2025, Заменикот Главен Ревизор, д-р Иван Игњатов придружуван од г-ѓа Ружица Бошнакоска, Помошник на Главниот Ревизор и г-ѓа Светлана Тодоровска, Самостоен ревизор, остварија исклучително корисна посета на Националната Ревизорска Канцеларија (НАО) на Малта! 

За време на посетата со г-дин Чарлс Дегуара, Главниот ревизор на НАО во Малта, г-дин Ноел Камилери, Заменик Главен Ревизор, г-ѓа Тања Мерциеца, Помошник Главен Ревизор и Раководител на Секторот за Финансиска Ревизија, г-ѓа Ребека Васало, Офицер за врски и г-дин Џонатан Васало, Постојан Секретар во Канцеларијата на Премиерот на Малта, се оствари многу корисен состанок и размена на искуства за ревизијата на ЕУ фондовите и ги запознаа колегите подетално со мандатот, задачите и одговорностите на Ревизорското тело за ревизија на ИПА во Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на идната соработка. 

Голема благодарност до г-дин Дегуара и неговиот тим за исклучителната гостопримливост за време на посетата.