На 21 јуни 2023 година, Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош и Министерството за финансии потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот беше потпишан од страна на главниот ревизор за ИПА – Адем Цури и министерот за финансии – Фатмир Бесими.
Целта на Меморандумот е да се унапреди и зајакне соработката меѓу двете институции за работи од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности за ефикасна заштита на финансиските интереси на Европска Унија и сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на Европската Унија во спроведувањето на програмите на Европската Унија, кои во претпристапниот период ги вклучуваат средствата од ИПА фондовите.
На истиот ден Министерството за финансии потпиша меморандум за соработка со Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција.