Денеска во просториите на Европска Унија во Скопје, се одржа работна средба помеѓу Главниот ревизор г-дин Адем Цури и неговата екселенција амбасадорот на ЕУ, г- дин Дејвид Гир. На средбата се разговараше за понатамошните чекори на работата на Ревизорското тело за периодот на ИПА 2 како и предизвиците на ИПА 3. Амбасадорот воедно го пофали работењето на Р.Т. и истакна дека сме лидери во Балканот во однос на методологијата и квалитетот на поднесените извештаи. Исто така беше изразено натамошната безрезервна поддршка од страна на ДЕУ во однос на зајакнување на капацитетите на РТ во однос на дигитализација на работењето и различни форми на обуки со други земји членки.
Исто така од страна на Заменик амбасадорот за соработка г- дин Штефан Худолин, се договорија натамошните чекори како да се одвиваат процесите на акредитација на новите програми од ИПА 3.
Главниот ревизор Цури се заблагодари на безрезервната поддршка на ДЕУ, како и изрази спремност за посветеност на подобрување на капацитетите на ИПА структурата во земјата.