Главниот ревизор на ИПА се сретна со вработениот д-р Шериф Абдулахи, виш ревизор, оддел за прекугранична соработка во Ревизорското тело за ИПА, кој учествуваше и успешно ја заврши Интензивната програма по европско право и економија, обука за правно, економско и политичко функционирање на Европската Унија за професионалци од земјите и териториите на европската соседска политика, Западен Балкан и Централна Азија на Правниот факултет во Рига, финансиран од МНР на Летонија и Стејт Департментот на САД, за што добил и сертификат за успешно завршена работна специјализација по европско право и економија. Дополнително, студиски посети во Брисел за лични состаноци со Европскиот парламент, Европската комисија, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Европскиот суд на ревизори, Европската служба за надворешна акција и други институции на ЕУ беа дел од програмата