ТЕХНИЧКИ ЗАВРШЕН НАСТАН, БУДИМПЕШТА, АВГУСТ 2014

Технички завршен настан за одржани семинари на тема „Контрола на јавни набавки со цел јакнење на капацитетите на ex-ante и вградените контроли за откривање и елиминирање на можни случаи на неправилности и измами“, организиран во рамки на Програмата на Европската унија – Hercule II 2007-2013,се одржа во периодот од 27 до 29 август 2014 година во хотелот Зара Континентал во Будимпешта. На настанот присуствуваше еден ревизор за ИПА од Ревизорското тело, како и претставници од Секторот Национален фонд, Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамки на Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања од Република Македонија. Целта на настанот беше да се сумираат искуствата стекнати од претходно одржаните семинари во јули 2014 година. Претставниците од земјите учеснички на семинарите Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Турција партиципираа со свои презентации на тема „Што може да се имплементира на основа на искуството од претходно одржаните семинари“. Како дополнување беше организирана работилница со наслов „Како би се воспоставил системот во периодот после пристапување во ЕУ врз основа на претходно одржаните семинари“. Во продолжение, од страна на експерт за јавни набавки во рамки на Канцеларијата на премиерот во Унгарија беа презентирани потешкотиите кои се јавиле при усогласувањето на законодавството на Унгарија со ЕУ од аспект на јавните набавки. Искуства од контролата на јавните набавки од страна на Европската комисија беа презентирани од страна на ревизор од Европската Комисија – ГД РЕГИО.