Денес, Главниот ревизор на ИПА, г-дин Милаим Абдураими, оствари билатерална средба со г-дин Пабло Арелјана Пардо, Главен директор на Ревизорското тело на Кралството Шпанија. За време на средбата, Главниот ревизор на ИПА изрази искрена благодарност за реализираната студиска посета во Ревизорското тело на Кралството Шпанија, како и подготвеност за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка. Притоа, беше истакната и можноста за организирање идни обуки и тренинзи во областа на ревизијата на европските фондови.
