Заедничкиот комитет за мониторинг на ИПА Програмата за прекугранична соработка, Косово – Северна Македонија 2021 – 2027 година, го организираше првиот состанок од новиот ИПА III програмски период на 15.02.2024. Членовите на ЗКМ, кои ги претставуваат институциите од Косово и Северна Македонија, го одобрија Годишниот извештај за имплементација 2023 година и Годишниот работен план и План за комуникација за 2024 година.

Состанокот беше придружен и со работилница одржана од страна на Заедничкиот технички секретаријат на програмата на теми како што се: ИПА III правна рамка, Финансиски договори, програмско портфолио и регионален мониторинг систем. Програма финансирана од Европската Унија