Мисија на DG NEAR за ИПА 3

Во периодот од 27-31 март 2023, претставници од Генералниот Директорат за добрососедство и проширување на Европската Комисија од Брисел беа на мисија на ИПА структурата и органите во Република Северна Македонија. Оваа мисија имаше за цел да ја верификува ИПА структурата и органите во Република Северна Македонија од аспект на нивната подготвеност за управување односно доделување на правото на индиректно управување со ИПА средствата од ЕУ на Република Северна Македонија за Годишната акциска програма за животна средина за 2022 година. Во рамките на мисијата беше одржан и состанок во Ревизорското Тело со преставниците од Брисел, каде ги пречека Главниот ревизор Адем Цури со неговите соработници. На состанокот беше изразена благодарност од страна на ревизроите од Евроспка Комисија за извршената ревизија за Проценка за усогласеноста за ИПА 3, која е извршена на најстручен и најсеопфатен начин од страна на Ревизорското тело. Исто така на состанокот се дискутираше за подготвеноста на ИПА структурата како и подготвеноста на Ревизорското Тело за вршење на ревизии за Годишната акциска програма за животна средина за 2022 година чиј вкупен буџет изнесува 63 милиони евра.

Тридневна работилница за ревизија на ИПА 3, март 22, 2023

Ревизорското тело за ревизија на ИПА преку ЕУ проектот„Зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело за ревизија на ИПА 3“ во периодот од 20.03-22.03.2023 во Охрид организираше тридневна работилница за вработените во Ревизорското тело, за најновите правила на PRAG, ревизорскиот пристап за неправилности и измами со барање за известување и клучни индикатори за успешност.

Работилницата беше спроведена од страна на експертот г-дин Тодор Јанкулов, кој го сподели своето искуство за ревизија на ИПА 3 средствата  согласно  барањата  од  Европската  Комисија преку практични примери и размена на искуства.

Обука за системска ревизија и ревизија на работењето ИПА 3

Во периодот 25-27.01.2023 во х.Радика, Леуново се одржа обука за вработените во Ревизорското тело за ревизорскиот пристап и методологијата за ревизија на ИПА 3.
Обуката се организираше преку проектот за техничка помош на Ревизорското тело за зајакнување на капацитетите за ИПА 3 и беше спроведена од експертот г-дин Тодор Јанкулов.

Регионална Конференција на Ревизорски тела за ревизија на ИПА

По повод 15 годишнината од основањето и работата на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА, во периодот 28-29 септември 2022 година во Скопје, се одржува регионална Конференција на Ревизорски тела за ревизија на ИПА на тема „Научени лекции од ИПА 2 и предизвици кон ИПА 3″.
На конференцијата присуствуваат претставници од Генералните директорати на Европската Комисија (DG REGIO, DG NEAR, DG AGRI), Канцеларијата за борба против измами на Европската Комисија (OLAF), Делегацијата на Европската Унија во Скопје,претставници на Ревизорските тела од земјите членки на Европската Унија (Италија, Грција, Бугарија и Романија) и земјите кориснички на ИПА (Србија, Црна Гора, Албанија и Турција), кои разменија искуства преку свои излагања за значењето и работата на Ревизорските тела во заштитата на националните и интересите на Европската Унија.
Целтта на конференцијата е продлабочување на искуствата помеѓу Ревизорските тела на земјите со кандидатски статус Албанија, Црна Гора, Србија, Турција и Република Северна Македонија, кои во двата претходни програмирачки периоди за ИПА 1 (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020), а сега соочени пред предизвиците на новиот програмирачки период ИПА 3 (2021-2027) остваруваат блиска соработка значајна во извршувањето на ревизиите на инструментот за претпристапна помош (ИПА). Во рамките на конференцијата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Ревизорското Тела за ревизија на ИПА на Република Северна Македонија и Ревизорските тела на  Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Тридневна работилница за ревизија на ИПА 3 

Ревизорското тело за ревизија на ИПА преку ЕУ проектот„Зајакнување на капацитетите на ревизорското тело заревизија на ИПА 3“ во периодот 13-15 Септември 2022 организираше тридневна работилница за ревизорите заревизорскиот пристап и методологија за ревизија на ИПА 3, согласно Прирачникот за ревизија на ИПА 3 вопрограмскиот период 2021-2027.

Работилницата беше спроведена од страна на експертитег-ѓа Андра Ларин и г-дин Лачезар Спасов, кои господелија своето искуство за ревизија на ИПА 3 средствата согласно барањата од Европската Комисијапреку практични примери и размена на искуства.

Почетен состанок за официјален почеток на активностите во рамките на проектот за техничка помош наменета за подготовка на Ревизорското тело во Република Северна Македонија за ИПА III

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, денеска беше организиран почетен состанок за официјален почеток на активностите во рамките на проектот за техничка помош наменета за подготовка на Ревизорското тело во Република Северна Македонија за ИПА III.

Главниот ревизор Г-дин Адем Цури потенцираше дека имајќи ги предвид задачите и одговорностите на Ревизорското тело во ревизијата на фондовите на ЕУ и со цел да се продолжи со зајакнување на капацитетите и да се обезбеди високо ниво на компетентност и квалитет на ревизија во согласност со правилата и прописите на ИПА III и меѓународно прифатените ревизорски стандарди, со овој проект се очекува дополнително да се зголеми знаењето, ефективноста и ефикасноста во спроведувањето на ревизиите и заштитата на националните и финансиските интереси на ЕУ во согласност со барањата на ИПА III.

Работилница TAIEX на тема „Спречување и откривање измами и неправилности во ИПАРД“

Работилница TAIEX на тема „Спречување и откривање измами и неправилности во ИПАРД“

Работилница TAIEX на тема „Спречување и откривање измами и неправилности во ИПАРД“ беше организирана за вработените во Ревизорското тело во периодот од 2 до 4 ноември 2021 година со предавачи од Бугарската Извршна Aгенција за ревизија на земјоделски фондови (CAEAF EA), г-дин Лачезар Спасов, Извршен Директор и г-дин Јордан Канчев, Директор на Дирекција за ревизија на земјоделскиte фондови. Работилницата беше одлична можност за зајакнување на капацитетите преку споделување искуства во областа на откривањето и спречувањето ан измами, проценка на ризик, истраги и линиите на известување за можни случаи на измами со практични студии на случај.

Средба на Главниот Ревизор со Генералниот Директор на ОЛАФ во Брисел

Средба на Главниот Ревизор со Генералниот Директор на ОЛАФ во Брисел

Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, оствари средба со Генералниот Директор на ОЛАФ при Европската Комисија во Брисел, г-дин Виле Итала. На средбата учествуваа и Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси со претставници од Кабинетот и г-дин Иван Игњатов, Советник на Главниот Ревизор. На средбата се разговараше за активностите кои се преземаат во насока на превенција, откривање и борба против случаи на неправилности и можни измами, како и можноста за активна вклученост на Република Северна Македонија во Програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027). Г-дин Цури и г-дин Итала ја потенцираа важноста и улогата на Ревизорското тело како независен ревизор во ИПА системот при откривањето на неправилности и случаи на можни измами, како и потребата за понатамошното зајакнување на соработката помеѓу Ревизорското тело и ОЛАФ со потпишување на Административен Договор за соработка. За време посетата во Брисел, се остварија одделни средби и со Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, Шеф на мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ и со претставници од Генералниот Директорат за Регионален развој при Европската Комисија.

Средба Цури – Гир

Средба Цури – Гир

Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, оствари средба со амбасадорот на ЕУ и шеф на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, г-дин Давид Гир. На средбата учествуваа и г-дин Штефан Худолин, Шеф за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г-дин Сергеј Михајлов, Програмски менаџер, г-ѓа Катерина Кус-Иванова Филкова, Програмски менаџер и г-дин Иван Игњатов, Советник на Главниот Ревизор за ревизија на програми финансирани од ЕУ и меѓународна соработка. На средбата се разговараше за состојбата со ИПА средствата во Република Северна Македонија, ИПА структурата и важноста на улогата на Ревизорското тело во ИПА системот. На средбата посебен акцент се стави на продолжувањето на добрата соработка помеѓу двете институции и поддршката од ДЕУ за понатамошното зајакнување на капацитетите на Ревизорското тело како врховна ревизорска институција во ИПА системот одговорна за ревизија на правилната имплементација на ЕУ фондовите во Република Северна Македонија.

Градење на сметководствени и ревизорски синергии – Скопје 2021 година

Градење на сметководствени и ревизорски синергии – Скопје 2021 година

Овластениот институт за јавни финансии и сметководство, Лондон (CIPFA) и ЦЕФ, Љубљана (Center of Excellence in Finance) беа домаќини на првата заедничка конференција. Организиран како хибриден настан, тој служеше како платформа за размена на експертско знаење, искуство, најдобри практики и препораки до сметководителите и ревизорите во јавниот сектор, и на регионално и на глобално ниво. На истиот учествуваа Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, Советникот на главниот ревизор за ИПА, г-ѓа Наташа Мисовска и Помошникот на главниот ревизор, г-ѓа Весна Младеновска. Дводневен настан обедини сметководители и ревизори кои работат во министерствата за финансии и ресорните министерства и претставници на врховните ревизорски институции, менаџери за човечки ресурси, претставници на академските институции, овластени сметководители и ревизори на CIPFA и други јавни службеници чија работа се однесува на теми за дискусија. Конференцијата опфати четири главни теми за дискусија: управување со имотот на јавниот сектор, антикорупција, лидерство за реформи и посебно беше нагласено учењето и споделувањето на знаењето на сметководителите и ревизорите. Како што беше истакнато во поздравниот говор од г. Бесими, министер за финансии на Република Северна Македонија, „Сега е вистинско време да се засили интензитетот на активностите за финансиско управување и контрола во врска со буџетскиот циклус, во сите нејзини фази : планирање, програмирање, подготовка на финансиски план, извршување, сметководство и известување, и сето горенаведено е важно да се поддржи со силен и независен процес на ревизија што ќе обезбеди повратни информации за направените трошоци, како и за резултатите од спроведените програми , активности и проекти “. За дополнителни согледувања и впечатоци од конференцијата, посетете го CEF на Facebook, LinkedIn, Instagram and Twitter и побарајте #CEFCIPFAconf2021.